Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност

Вести

Времето денес  ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе има стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури, освен во вторник кога во попладневните часови се очекува локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *