Времето денеска сончево со локална облачност, наутро со магла по котлините

Вести

Времето утрово е студено, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје наутро ќе биде студено со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, каде и дневните температури ќе бидат пониски.

За време на викендот температурите ќе бидат во пораст за неколку степени

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *