Времето денеска сончево со мала облачност и температури до 37 степени

Вести

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во северозападните и североисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе биде 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а дневните од 27 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 34 степени, информираат од УХМР.

До сабота ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *