Времето денеска сончево со температурата до 19 степени

Вести

Yellow Flowers in Brown Woven Basket on Bicycle

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, сончево и по малку магливо со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со студени утра. Понекаде во котлините во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Во вторник се очекуваат врнежи од дожд проследени со засилен ветер.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *