Времето денеска сончево со умерена облачност и северен ветер

Вести

Утрото ќе биде студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно, до сабота утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *