Ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови.
Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје наутро со услови за повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 21 степени.
Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд се очекуваат вечерва и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Утре попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.