Втор ден ЛЕНДНЕТ – посета на Егри и запознавање со резултатите од консолидацијата

Вести

Со сесија за консолидација на земјиштето во Северна Македонија и посета на селото Егри во Општина Битола, денеска продолжува 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ што почна вчера и се одржува во Скопје.

За време на теренската посета, предвидени се прошетка низ консолидационото подрачје Егри предводена од проектот МАИНЛАНД и промотивен настан. Целта е на учесниците на ЛАНДНЕТ да им се претстават видливите резултати од соработката на ЕУ, ФАО и МЗШВ за поддршка на консолидацијата на земјоделското земјиште во Северна Македонија и да се слушне директно од земјоделците од Егри за бенефитот што го имаат од проектот МАИНЛАНД.

-Како прв успешно завршен македонски проект за консолидација на земјиште по принципот на распределба со промена на границите, Егри е пример за успешна консолидација и во меѓународни рамки. Тука подобрената структура на земјоделското земјиште беше надополнета со инвестиции во земјоделска инфраструктура за подобрување на пристапните патишта, каналите за одводнување и наводнување, со финансиска поддршка од Европската Унија во висина од од 500.000 евра – велат од Канцеларијата на ФАО во Скопје. Меѓународната работилница ЛЕНДНЕТ ја организира ФАО заедно со Градежниот факултет од Скопје, во партнерство со Министерството за земјоделство и Делегацијата на ЕУ. Во рамки на вчерашниот прв ден, кога беше отворањето, покрај консолидацијата, во фокусот беше и земјишното банкарство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *