Втора ларвицидна дезинсекција во Куманово

Вести

 

Наредната недела Куманово ќе спроведе втора ларвицидна дезинсекција на подрачјето на општината, информираа денеска надлежните.

– На 20.04.2021 година (вторник) на територијата на општина Куманово ќе се спроведе втор третман на ларвицидна дезинсекција, која има за цел уништување на ларвите на комарците. Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува до наредниот поволен ден – велат од општина Куманово.

Првата ларвицидна дезинсекција за тековната година се спроведе кон крајот на март годинава. Во средината на март, по претходно објавен тендер, општина Куманово склучи договор со избраната фирма „Плант медика“ за 1.180.000 денари која оваа година ќе ги извршува услугите за запрашувања против инсекти, дезинсекција, дератизација, против крлежи, лебарки и комарци на подрачјето на Куманово.

И изминативе години општината одвојуваше слична сума за овие третмани кои се спроведуваат во неколку наврати годишно во текот на пролетните и есенските месеци. Лани, но и низ годините наназад, со посебен тендер беше избрана и компанија за авионска дезинсекција.

Извор МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *