За прв пат и луѓе заразени со сојот на птичји грип H5N8: Седум случаи во Русија

Вести

 

Седум работници на живинарската фарма на југот на Русија се заразиле со H5N8 во декември 2020 година. Сите случаи се асимптоматски. Што носи ова откритие?

„Русија го регистрира првиот случај на птичјиот грип H5N8 кој премина од птици на човек, а го пријави Светската здравствена организација“, изјави минатиот викенд Ана Попова, раководител на надзорната агенција за здравјето на потрошувачите, Rospotrebnadzor, jавува Ројтерс.

Последните месеци се забележани случаи на H5N8 во Русија, Европа, Кина, Блискиот Исток и Северна Африка, но засега само кај живината. Иако е познато дека другите соеви како H5N1, H7N9 и H9N2 можат да преминат на луѓето, за H5N8 ова е прв потврден случај.

Заразени седум работници на фарма

„Нашата држава случајот го пријави на СЗО штом станавме сигурни во своите резултати“, изјави Попова на државната телевизија Rossiya 24. Меѓутоа таа напоменува дека сè уште не е забележено дека вирусот се пренесувал меѓу луѓето.

„Седум работници на живинарската фарма сместена на југот уште во декември се заразени со H5N8“, додава Попова, нагласувајќи дека цело време се чувствувале добро и дека заразата не се проширила меѓу луѓето. Тоа го потврди и СЗО наведувајќи дека сите биле асимптоматски и дека немало нови случаи.

Како што пишува BBC, Попова го пофалила важното научно откритие на руската лабораторија „Вектор“, која го изолирала генетскиот материјал на сојот од заразените луѓе. „Откривањето на овие мутации, кога вирусот сè уште не стекнал способност за проширување, на целиот свет му даде време да се подготви за можни мутации и да реагира на адекватен и правилен начин“, вели таа. Додава дека руските научници би можеле да започнат со развој на тестови и вакцини против овој вид.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *