За прв пат, после 12 години од имплементацијата на ИПАРД програмата, државата нема да враќа пари во ЕУ

Вести

Овој месец, во тек се инфо-деновите наменети за информирање и појаснување на условите за поднесување на барања за мерката 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, од ИПАРД 2.

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, од трибината во Струмица организирана како дел од кампањата ИПАРД инфо – денови, им порача на присутните да поставуваат прашања за се што ги интересира во врска со мерката 3 и со условите за аплицирање, потсетувајќи дека јавниот повик за оваа мерка беше објавен пред две недели и ќе трае заклучно со 11-ти февруари. Мерката им овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана.

Исто така на трибината беше потенцирано дека, за прв пат, после 12 години од имплементацијата на ИПАРД програмата, нашата држава нема да враќа пари во ЕУ поради слаба искористеност на фондовите, туку напротив, поради зголемениот интерес ќе бидат потребни уште пари за дореализација на програмскиот период.

-Само за споредба, во текот на целиот програмски период од ИПАРД 1 Програмата 2007-2013 год., искористеноста изнесуваше само 17 проценти. Денеска, ЕУ ја посочува нашата држава како најуспешен пример во регионот, за искористеност на европските фондови, иако програмскиот период за ИПАРД 2 уште не е завршен, што значи дека процентот на реализација и понатаму ќе расте,  се истакна на денешната трибина.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *