Забрана за риболов на Калиманско Езеро

Вести

Од вчера е забранет риболовот на езерото Калиманци, Каменичка река и Брегалница од вливот дo Бигланскиот мост. Во соопштението од Спортското-риболовно друштво „Шаран“ од Македонска Каменица ги известуваат сите риболовци дека забраната ќе важи до крајот на јуни годинава.

-Согласно решението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во периодот на забрана која ќе трае до 31 јуни 2022, контролата ќе биде засилена, со цел природниот мрест на рибите да биде поуспешен, информираа од ЗРСК „Шаран“.
Секое непочитување на забраната, како што порачуваат, ќе биде санкционирано од Државниот инспекторат за земјоделство и надлежните судови.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *