Зачувување на брендот на македонското овчарско куче Караман

Вести

Со цел зачувување на брендот на македонското овчарско куче Караман и начинот како тоа да се спроведе со помош на МЗШВ, министерот Љупчо Николовски, имаше средба со генералениот секретар на Кинолошкиот Сојуз на РМ, Слободан Милошевски и со претседателот на кинолошкиот клуб за Македонско овчарско куче Караман и член на управниот одбор на КСРМ, Илија Каров.

На состанокот се разговараше за можна поддршка при процесот на светското признавање на нашата старо-нова раса на македонско овчарско куче Караман, од страна на МЗШВ.

Се очекува набрзо во регистарот на светските раси при Светската Кинолошка Федерација, да се впише и МОК Караманот.

МОК Караман, е рамноправно признат моментално од Р. Бугарија, поточно од Бугарската Републиканска Кинолошка Федерација , набрзо следат уште неколку земји од околината.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *