Зачувување на природниот изглед на регионите

Вести Совети

Некои од развиените земји им плаќаат на фармерите да се зачува автентичноста и биолошката разновидност. Со тоа се постигнува поголемо производство и приноси преку проширување на парцелите, со што се спречува и загрозувањето на природата и еко системот…

Современото земјоделство ја деградира животната средина. За секое зачувано дрво на нивата, одржување на цветните патеки меѓу ораниците и дрворедите, европските фармери добиваат пари од агроеколошките мерки.

На пример, на 10 до 15 метри од дрвото тие треба да постават заштитна зона со природна вегетација која не се ѓубри и прска и се оградува за да нема добиток за пасење. Дрвото не смее да се кастри ниту да се отстрануваат паднатите гранки.

Земјоделецот добива пари за загубата од приходот и за не обработување на заштитната зона. Целта е да се чува природната средина и засолништата на корисните организми и инсекти.

Автентичните региони ја разубавуваат околината и се еко- системи за развој на автохтоната флора и фауна.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *