Задругите во фокус на Третата сесија на Работната група за земјоделство и рурален развој

Вести

Актуелните состојби во работењето на земјоделските задруги се тема на денешната Трета сесија на Работната група за земјоделство и рурален развој од Националната конвенција за ЕУ во Македонија.

На дебатата се очекува да бидат отворени и прашања поврзани со специфичностите на пристапните преговори за членство во ЕУ во Поглавјето 11.

Ќе учествуваат претставници на институции, земјоделски здруженија, задруги и стручни лица, а најавено е и присуство на директорот на Хрватското задружно претприемништво, Томислав Клариќ, кој ќе ги сподели позитивните практики од земјите-членки на Европската Унија.

Националната конвенција за ЕУ во Република Македонија е форум на експерти и претставници на владини и невладини институции и на граѓанскиот сектор, кој преку дебати помага во забрзувањето на евроинтеграцискиот процес на државите-кандадитки за пристапување во ЕУ и го унапредува преговарачкиот процес, особено во областа на земјоделството и руралниот развој.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *