Заев: Ќе се реши проблемот со увозот на српско брашно

Вести

Надлежните министерства на Македонија и Србија ќе  разговараат за надминување на проблемот со брашното, изјави премиерот Заев.

Ова доаѓа откако асоцијацијата на мелничари и пекари од таму  ги обвинија властите во земјава дека со мерките кои ги вовеле  направиле  увозот на српското брашно да биде неисплатливо и практично со тоа го блокирале. Побараа Србија веднаш да воведе контра мерки за увоз на земјоделски производи од Македонија.

Заев се надева дека проблемот брзо ќе се реши затоа што тоа е во интерес на двете земји.

Тој уверува дека проблемите во мелничарската индустрија нема да донесат повисока цена на лебот. Резерви на жито има, а постојат и механизми преку кои може да се спречи поскапување.

Со новите мерки за увоз на брашно од Србија, тоа ќе се извезува без маркичка, па се складира и откако ќе ги помине сите фитосанитарни прегледи тогаш ќе се обележува. Со ова? велат трговците, значително се зголемуваат трошоците за извоз поради што бизнисот со Србија станува неисплатлив.

Речиси секоја година Макоднија и Србија се во кавга поради брашното. Но проблемите се надминуваа со преговори  меѓу надлежните министерства.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *