Заев: Најголемо внимание треба да насочиме кон млекопроизводството и овчарството

Вести Сточарство

Во изјавата за медиумите, за надлежностите на Агро Советот, како и за темите за кои се разговараше на првата седница на советот, како дел од прес-конференцијата по овој повод, Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев истакна:

„Последниве години и покрај одвојувањето на сериозни суми за земјоделците во вид на субвенции, останаа уште неколку земјоделско-сточарски гранки на кои треба дополнително да им се посветиме.

Најголемо внимание треба да насочиме кон млекопроизводството и овчарството. Тоа денеска беше една од точките на дневен ред.

Затоа денеска прва точка на седницата беше состојбата во овчарството и мерките што ќе ги превземеме за да го стабилизираме ова производство од кое егзистираат голем број на семејства во Македонија.

На Комитетот беа присутни и претставници на сточарите кои одгледуваат овци. Разговаравме за моменталната состојба и за она што треба да преземеме ние како Влада.

Тоа е начинот на кој сакаме да работиме и делуваме: Заеднички со земјоделските производители и со агробизнисмените. Тие најдобро знаат што е она што треба една Влада да им овозможи за да имаат рентабилно производство, а тоа е добро за развој на аграрот и вкупното стопанство во државата.

Оставам простор за овој наш прв состанок и за договореното понатаму да зборуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и еден од претставниците на земјоделците и сточарите, членови на овој комитет“, рече Заев.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *