Загадување на Оризарска Река кај Кочани

Вести

Жители на селото Грдовци изутринава забележале промена на бојата на водата на Оризарска Река и на дел од одводните канали што поминуваат низ Кочанско Поле, по што реагираа до надлежните инспекциски служби во Општина Кочани.

Од увидот на терен е регистрирано бело обојување на водата во долниот дел на реката, од Кочани во правец на селото, по што е изготвен записник и ќе биде поднесена пријава до Државниот инспекторат за животна средина.

– Заедно со стручните служби од општинскиот Инспекторат за животна средина констатиравме дека реакциите на граѓаните се оправдани, односно водата има видливо променета боја. Во моментот се прави испитување на состојбата за да се утврди од каде точно потекнува загадувањето. Во најскоро време ќе биде известен и Државниот инспекторат, кој е надлежен за контрола на правните субјекти кои имаат добиено соодветна еколошка дозвола, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Реакции за загадувањето на Оризарска Река дојдоа и од земјоделци кои имаат површини во непосредна близина на речното корито, при што дел од водата се излеала во блиските канали.

Од граѓанскиот одбор „За здрав живот во Кочани” дадоа поддршка на преземените активности за утврдување на причинителите и спречување на натамошното загадување на реките во кочанскиот регион.

Извор МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *