Загрозени се куќи и земјоделски посеви

Вести

Одрони, свлечишта, непроодни патишта, поплавени земјоделски површини и дворови. Ваква е сликата во некои општини низ земјава, откако Вардар, Треска, Црна и Бабуна се излеаа од коритата. Tреска поплави земјоделски површини и ливади во атарите на селата Лисичани, Пласница, Сувидол, Девич, Манастирец и Модриште.

Нивото на реката Вардар е најкритично во Велес, во месноста Речани. Од ЦУК велат дека се обезбедени вреќи со песок и се врши постојан мониторинг. Бабуна е излеана во атарот на село Долно Врановци. Слична е состојбата на некои места во тетовскиот и битолскиот крај.

Дожд и во наредните денови, но со помал интензитет, најави УХМР. Температурата ќе го достигне и 19-от степен, што дополнително ќе придонесе за топење на снегот. Ова, според хидрометеоролозите ќе го зголеми водостојот и може да направи проблеми во поплавените подрачја. Предупредуваат на внимателно движење покрај сливовите на поголемите реки.

Во центарот на Скопје, пак, на критичните места веќе се поставени вреќи со песок, како заштита од можното излевање на Вардар.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *