Започна реализацијата на проектите од мерката “Инвестиции во материјални средства во земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на поставувањето на камен темелник на фабрика за добиточна храна во општина Лозово. Компаниите кои потпишаа договор за мерката „Инвестиции во материјални средства во земјоделски стопанства“ од #ИПАРД2, веќе почнуваат со реализација на проектите.

-Македонските агробизнисмени и земјоделци ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови. Ми беше задоволство да присуствувам на поставувањето на камен темелник на фабрика за добиточна храна во општина Лозово. Вкупната инвестиција за овој проект е над 1,4 милиони евра, од кои околу 660 илјади евра се пари од #ИПАРД2 програмата, истакна Николовски.

Производството на добиточна храна е особено важно за развој на секторот сточарство. Секоја инвестиција од ваков тип директно придонесува за квалитетно и ефтино производство.

-За оваа намена за првпат објавивме оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за до 3 и над 3 хектари.Работиме посветено да поттикнеме што поголемо искористување на европските фондови, за што интересот на земјоделците расте, рече Николовски.

МЗШВ заедно со земјоделците и стопанствениците создава модерно и конкурентно земјоделство и производи со додадена вредност.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *