Заразени 16000 свињи во Полска – Германија крева гранична ограда

Вести Сточарство

Епидемијата на африканска свинска чума (АСТ) се појави и во Полска, за прв пат оваа година. Случајот е потврден во близина на градот Нидевијадија во провинцијата Лубуш, на западот на земјата, а на фармата биле заразени скоро 16 000 свињи.

Според прописите, поставена е безбедносна зона во радиус од 10 километри околу фармата, а во неа имало вкупно 15.938 свињи кои мора да бидат убиени, пренесува pigprogress.

Од почетокот на епидемијата со АСТ во таа земја во 2014 година, ова е втора по големина фарма што мора да се испразни поради болеста. Првата е онаа од Нидорадз, со 24.000 животни, а таму болеста се појави во март 2020 година.

Во Полска, динамиката на оваа болест останува загрижувачка. Од првото откривање, вирусот е пронајден на 341 различна локација. Во 2020 година, таа избувна на вкупно 103 фарми.

За да се спречи ширењето на вирусот од Полска, Германија започна со изградба на трајна ограда паралелна со линијата на реката Одра-Ниса, а заврши уште една таканаречена бела зона. Ова се ходници со ширина од пет километри изградени околу центарот на заразата. Ловџиите ги убиваат дивите свињи што живеат во оваа област, со цел да се спречи ширењето на вирусот од заразени во незаразени области.

Втората бела зона е изградена во областите Одер-Шпре и Дам-Спривалд, и е во должина од 136 километри, и со тоа се затвора површина од 400 км2.

Добри вести за германските одгледувачи на свињи

Според pigprogress, бројот на заразени диви свињи пронајдени во таа земја го надмина оној во Белгија. Сè уште има најмногу во областа Бранденбург, 768 од вкупно 835.

За германските производители на свинско месо, добрата вест е дека Виетнам повторно дозволува увоз на нивно свинско месо. Минатата година земјите-членки на Европската Унија извезуваа дури 95.000 тони свинско месо во таа земја, а скоро 20.000 тони беа од Германија. Затоа, германската влада се обидува да ги убеди третите земји да ја прифатат политиката на регионализација, што во основа значи дека присуството на АСТ во една земја не значи дека болеата е распространета низ целата земја.

Сингапур исто така ја прифаќа таа теорија, а Тајланд одлучи да ја укине забраната. Одредени исклучоци се договорени со Бразил, Аргентина, Јужна Африка и Јужна Кореја, а преговорите со Кина се уште траат.

Цените се опоравија и во Германија, а во моментов се движат од 1,50 до 1,64 евра за килограм, пишува agrarheute. Највисоки цени се забележани во Шпанија и изнесуваат 1,79 € / кг, додека најниски се во Белгија, каде што килограм свинско месо чини 1,38 евра.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *