Зелената нафта оваа година ќе биде со 50% субвенција

Вести

Од почетокот на годинава се исплатени 85 милиони евра за субвенции, со што се исплатени сите основни мерки, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во денешната дебатна емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во однос на зелените картици за субвенционирано гориво за земјоделска механизација, министерот Димковски, посочи дека подигнувањето на зелените картици за 2019-та година е до крај на овој месец, се чека да заврши овој рок, и ќе се влезе во дистрибуција на зелените картици за 2020 година, односно преземени податоци на аплицирани субвенции за 2019-та година.

Оваа година субвенцијата за покривање на трошоците за гориво е 50 отсто.

Димковски најави дека во текот на следниот месец би започнал овој процес.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *