Зелените пазари повторно се отвораат. Тезгите на струмичкиот зелен пазар полека се полнат со производи. Пролетната реколта на раноградинарите доби уште една можност за пласман освен директно на откупните центри. Според производителите од Банско, ова е клучно заради големиот број трговци но и маркетите кои се снабдуваат со свеж зеленчук на овој начин.
Освен пласманот за земјоделците е проблем цената на пролетната зелка.
Министерството за земјоделство објави дека со откупувачите договориле откупната цена на зелката до крајот на април да биде минимум 15 денари за килограм.
Телма