Земјоделците кои се корисници на субвенции и имаат промена во банкарски сметки, телефонски броеви или адреса на живеење потребно е да ги ажурираат промените

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ги известува земјоделските стопанства кои поднеле барање за финансиска поддршка во 2021 година, а од денот на поднесувањето на барањето до сега имаат промена во: број на банкарска сметка, промена на адреса на живеење, или телефонски број за контакт, ќе можат да извршат промена во електронскиот систем во кој е поднесено барањето.

Лицата, потребно е да се логираат на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk во десниот горен агол да кликнат на иконката „директни плаќања е – барање“ . Откако ќе се отвори системот потребно е апликантот да се најави  со корисничкото име и пасвордот кои ги користи при пријавување за користење на финансиска поддршка во земјоделството, односно  субвенции.

Сите апликанти кои имаат промена, имаат опција да извршат измени, односно, да ги ажурираат податоците. На пример, доколу апликантот има промена на трансакциската сметка во последните неколку месеци, потребно е во делот каде стојат информациите за трансакциска сметка да ги променат информациите, односно да ја внесат нова транскациска и да ги зачуваат информациите. Истата постапка важи и за останатите податоци. Лицата кои имаат потреба од промена, односно ажурирање на податоци а им треба помош за да ги ажурирааат податоците во електронскиот систем, за помош може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Апелираме до сите кои се корисници на финансиска поддршка во земјоделството,  да направат увид во податоците кои ги имаат оставено се со цел обезбедување на точни информации за исплата на средствата по Програма 2021.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *