Земјоделците од Могила поднесуваат пријави за обесштетување од невремето

Вести

Земјоделците од селата Долно Српци, Вашарејца, Беранци и Ивањевци започнаа со поднесување пријави за обештетување на посевите кои беа уништени со невремето. Вчера до 14 часот биле поднесени 45 пријави од невремето во саботата, а од општина Могила велат дека наредните два дена се очекува да се зголемат на 200 до 250 нови барања. Заедно со барањата од невремето пред 20-тина дена, тоа се повеќе од 400 барања за обесштетување на земјоделците од општина Могила.

-Ова не е првпат да се случи ваква непогода во Општина Могила, се случува скоро секоја година, скоро 5-6 години наназад. Комисијата излегувала вршела проценки, но до ден денес мислам дека никој не е обештетен, уште од поплавите во 2015, вели Александар Јанкуловски, претседател на Советот на Општина Могила.

Едно од решенијата за ваквите состојби е осигурувањето на посевите, но дел од земјоделците се соочувале со проблеми.

-Дел од земјоделците имаат навика да осигуруваат, но и со осигурителните компании имаше некој проблем, не сакаа да издаваат полиси, а ова се случуваше 30-тина дена наназад. Не сакале бидејќи имале многу пријави за штети во ресенско и други делови од државата. Со еден збор, велеа дека не им е исплатливо да осигуруваат, изјави Александар Јанкуловски, претседател на Советот на Општина Могила.

Советот на Општина Могила на седница формираше Комисија за природни непогоди која ќе излезе на терен веднаш после завршувањето на крајниот рок за поднесување на барањата, кој е до 16 јули.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *