Земјоделците поднеле околу 200 барања за претрпена штета од невремето со град во општина Лозово

Вести

Земјоделците од населените места во Општина Лозово поднеле околу 200 барања за штети од трите невремиња на крајот на мај – од силен ветер, од град со големина од орев и од дожд. Земјоделците пријавиле штети на разни земјоделски површини – пластеници со раноградинарски култури, ниви со јачмен и пченица, како и овоштарници и лозја, информира за МИА Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово.

Тој вели дека засега не можат да кажат за колкава површина се работи и колкава е штетата.Тоа треба да го утврдат надлежните комисиии кои не терен ќе излезат од среда.

Најголеми штети од трите невремиња претрпеа селата Лозово, Каратманово, Милино, Ѓуземелци, Дурфулија и дел од атарот на село Аџиматово.

Како што информира за МИА градоначалникот Цветковски, на итна седница на Советот беа формирани две Комисии, една за утвдување на штети кај земјоделските култури, а друга за утврдување на штета на движен и недвижен имот.

Додава дека денеска преговараат со претставници од надлежното Биро за судски вештачења чии претставници се во состав на двете комисии и со кои вешти лица од среда планираат да излезат на терен за утврдување на штетите.

Првото невреме со силен град се случи на 25 мај вечерта, второто на 28 мај кога населените места во Општина Лозово ги погоди град со големина на орев од кој најмногу настрадаа земјоделските површини и третото невреме со силен дожд Општина Лозово ја зафати на 31 мај.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *