Земјоделците со недоверба гледаат во осигурувањето на посевите иако често трпат штети од временски непогоди

Вести

Климатските промени се сериозна закана за земјоделското производство, а невреме проследено со град, мраз или поплави се повторува секоја година. Земјоделците трпат огромни штети, кои најчесто се надоместуваат од државниот буџет, но сѐ уште мал е бројот на оне кои ги осигуруваат своите посеви.

НЕ СЕ СИГУРНИ ВО ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ, НЕМААТ ПАРИ, ДОЦНАТ СУБВЕНЦИИТЕ, А НИЕ СМЕ СИГУРНИ ВО ВЛАДАТА ДЕКА ЌЕ НЕ ЗАШТИТИ, ЗАТОА ШТО ЕТЕ КУПИЈА АВИОНИ ДА НЕ ШТИТИ ОД ГРАД И НЕВРЕМЕ, ВЕЛИ ЗЛАТЕ ЏУМКВОСКИ, ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ОД ПЕЛАГОНИЈА.

Последното невреме во прилепскиот дел на Пелагонија предизвика најголеми штети кај житните култури и тутунот, а до општинските комисии во Прилеп и Кривогаштани поднесени се над 600 барања за обештетување од државата.

НИЕ КАКО КОМИСИЈА СЕКОГАШ ГИ ПОТСЕТУВАМЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СВОИТЕ КУЛТУРИ ДА ГИ ОСИГУРУВААТ, ЗАТОА ШТО СЕКОЈА ГОДИНА СО ОВИЕ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ СЕ СЛУЧУВАААТ ВАКВИ НЕВРЕМИЊА. НО, НЕКОИ СЕ НЕДОВОЛНО ИНФОРМИРАНИ, ДРУГИ НЕ САКААТ ДА ГИ ОСИГУРААТ. СЕПКА ТРЕБА ПОГОЛЕМА ЕДУКАЦИЈА, ВЕЛИ ЖАРКО СЕВЕРКОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ – ПРИЛЕП

Од невладиниот секотор кои работата на едукација на земјоделците од бенефитетите на осигурувањето, велат дека секоја година од државниот буџет се издвојуваат милионски суми за обештетување од невреме, кои можат да се искористат за развој на земјоделството.

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ЗА ЖАЛ, СЕКОЈА ГОДИНА ЧЕКААТ НА ОБЕШТЕТУВАЊЕТО НА ДРЖАВАТА КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЕЛЕМЕНТРАНИТЕ НЕПОГОДИНИ, ПОПЛАВА, ГРАД И СЛ. ВО БРОЈКИ ТОА ИЗНЕСУВА НАД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО, ГОЛЕМА СУМА, КОЈА МОЖЕ ДА СЕ ПРЕНЕМЕНИ ВО НЕКОИ КОНКУРСИ И СЛИЧНО, ДА ОСТАНАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР, ПОВТОРНО ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ВЕЛИ БИЛЈАНА ПЕТРОВИЌ, ОД НВО „СОВРЕМЕНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО“

Државата субвенционира 60 проценти од осигурителната полиса, а од осигурителите компании потврдуваат дека иако има извесен пораст, сепак мал е процентот на земјоделци кои ги осигурале културите. Владата пак најавува измени, односно воспоставување органзиран осигурителен систем за заштита на земјоделството, познат како осигурителен пул.

 

Извор Емилија Мисирлиевска Тв.Телма

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *