Зголемен е бројот на жени кои се занимаваат со пчеларство

Вести Совети

Смртноста кај пчелите е тренд кој расте во целиот свет, угинувањето на пчелата е присутна и под нашето небо. Пчеларите се загрижени и ги превземаат неопходните мерки за заштита на пчелите.

Одгледувачите на пчелни семејства со редовни брифинзи и корелации ги споделуваат меѓусебно проблемите, односно промените кои ги забележале со пчелите. Здруженијата на пчелари во државата редовно го информираат и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за состојбите во пчеларството.

Годинава за прв пат и земјава се вклучи во одбележувањето на светскиот ден на пчелата. Министерот Љупчо Николовски по тој повод кажа дека министерството ги превзема сите потребни мерки за заштита на пчелите, но и за развој на пчеларството во земјата.

Тој вели дека Владата и министерството ќе дадат силен придонес во процесите на зачувување на пчелите и развој на овој сектор, бидејќи пчеларството е навистина важна стопанско-прехранбена гранка.

„Наша должност и обврска е секојдневно да работиме на заштита на пчелите, бидејќи тоа е важно за нашата иднина, за решавање на проблемите поврзани со глобалното снабдување со храна и за справување со гладта во светот“, посочи Николовски.

Пчеларите велат дека и покрај снемувањето на пчелите, бројот на нови одгледувачи на пчелни семејства расте. Посебно е зголемен бројот на пчелари од понежниот пол. Дамите повеќе се фокусираат на производство на поленов прав, млеч и прополис, производи кои ги користат младите мајки за зголемување на имунитетот кај децата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *