Зголемен водостојот на реките Вардар и Црн Дрим

Вести

Повисоко ниво на водостојот во однос на просекот за февруари денеска имаат реките Црн Дрим кај Ложани и Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес.

Според дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), намалување под февруарскиот просек имаат реките Сатеска кај селото Ботун, Црна Река кај Новаци и во близина на Расимбеговиот Мост, реката Струмица кај Ново Село, реката Брегалница кај Берово и Штип, Крива Река кај Крива Паланка, Пчиња кај Пелинце…

Нивото на Дојранското Езеро е минимално зголемено во однос на просекот за февруари, додека нивото на Охридското Езеро е во рамки на просекот. Намалување на нивото на водата има на Преспанското Езеро.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *