Зголемени контроли врз боите за јајца

Вести

Во пресрет на Велигденските празници сосема очекувано е да се зголеми контролата врз јајцата од увоз, како и на боите за вапцање.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштуваат дека освен јајцата кои подлежат на засилени контроли, интензивно се следат и производството и увозот на бои за јајца. Досега не се евидентирани отстапувања во однос на безбедноста на увезените прехранбени бои, тврдат од АХВ.

АХВ исто така апелира граѓаните да купуваат боја за јајца исклучиво од регистрирани производители увозници, која е соодветно означена и декларирана.

– Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и бои за јајца, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 080032222 или електронски на info@fva.gov.mk, нагласува Агенцијата.

Во 2018 година се увезени вкупно 240.830 јајца, сите од Србија. Како небезбедни, поради несоодветно означување на рокот на употреба се поништени 16.620.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *