Водостоите на сите реки во Македонија денеска се повисоки од повеќегодишниот просек за февруари, соопшти УХМР.
Најновите податоци од мерењата покажуваат дека кај дел од нив, водостоите се намалуваат во однос на вчера.
Повисоко ниво од вчера имаат Треска кај Македонски Брод, Вардар кај Велес и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Берово, Сушево кај Струмица и Црна Река кај Новаци.
Водостоите на природните езера се во рамките на просекот за овој месец.