Зголемени водостоите на Вардар и Радика

Вести

За шест сантиметри е зголемено нивото на реката Радика, а за пет сантиметри на реката Вардар кај Скопје во однос на вчерашниот ден, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во однос на вчерашните мерења, зголемен е водостојот и на Вардар кај Јегуновце и Демир Капија, а повисок водостој има и Лепенец. Кај останатите реки, нивото е пониско или исто како вчера.

Поголеми промени не се забележани ниту кај езерата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *