Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот

Вести

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, на Треска кај Македонски Брод, на Бабуна кај Богомила, на Струмица кај Сушево, на Црни Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека намалени водостои има на Брегалница кај Берово, Пчиња кај Пелнице и Црна река кај Новаци.

Водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро, според денешните мерења, се во рамки на просекот за декември.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *