Зошто Чендлер и Франкет – по можност органски?

Вести Органско производство Совети

Светската побарувачка за ореви експлодираше во последниве неколку години, поради растот на населението, особено во Азија. Така, на пример, Кина, најголемиот производител (700.000 тони), стана нето увозник.

Ова се само неколку причини поради кои насадите со ОРЕВ се меѓу најпрофитабилните бизниси.

Трошоците за плантажа на ореви на површина од еден хектар се помеѓу 2000-2500 евра. Амортизацијата започнува само по неколку години, бидејќи за берба може да се зборува само по четвртата година по садењето.

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ КАКО МОЛДАВИЈА

Исто така оревот е вреден поради високиот квалитет на дрвото, но исто така и можноста за користење на кората, лисјата како суровина за хемиската и фармацевтската индустрија.

Оревите се исклучително корисни за консолидација на земјиштето и намалување на загубата на плодна почва.

Најпродуктивни сорти на ореви:

ЧЕНДЛЕР – вид на американски орев. ЈАТКАТА е со многу светла боја и квалитетна. Таа е во вид на плодни странични гранчиња кои овозможуваат брзо појавување на плодови, на возраст помеѓу 4-5 години.
Таа има најголем потенцијал за производство во светот денес 4,5 t / ha а со посебен режим на наводнување лесно достигнува 6t / ha суви ореви.

ФРАНКЕТ – традиционална француска сорта на ореви, квалитетот на плодот е многу добра варијација во лушпа и јатка. Се користи како полинизатор – опрашувач на Чендлер.
Производствениот потенцијал на суви ореви е 2t / ha.
На секој 9-ти Чендлер доага по 1 Франкет.

 

Автор: Иван Стојанов за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *