Органската храна има сè поголема побарувачка. Од друга страна, 200 до 300 илјади био градини можат да се направат во запоставени села. Основата на овој метод е да се користи принципот на комбинација на земјоделски култури, каде едно растение зачувува друго.
Можете да го искомбинирате морковот со кромид . И морковот го чува кромидот и кромидот го чува морковот. Затоа садиме еден ред кромид, еден ред моркови, еден ред кромид и така натаму. Затоа што кромидовата болва не го сака мирисот на морков, а морковата мува не го сака мирисот на кромид. Затоа растенијата остануваат здрави и без третирање.
Важен сегмент од био-градината е само-компостирањето. Сите остатоци од растенијата во комбинација со ѓубриво од зајаци, го подобруваат квалитетот на почвата.
„Добиваме еден многу добар компост, кој се враќа во почвата и не треба да додаваме ништо друго. Бидејќи ние всушност не ги храниме растенијата, ги храниме микроорганизмите во почвата“,велат експертите.
Во делови од градината, кои навидум не можат да се користат за традиционален зеленчук, се одгледуваат лековити билки или коприви за да се направат чаеви за растенија, кои се користат како природни минерални ѓубрива и биосигурност на култури.
“Современо Земјоделство”