Зошто не треба да се вкрстуваат животни кои се во крвно сродство

Вести Совети Сточарство

Многу е важно да се грижите за крвното сродство и вкрстувањето на животните на вашата фарма. Во оваа статија ќе ги објасниме причините зошто ова е значајно. 

Што значи крвно сродство кај животните ?

Кај вкрстувањето на животните, постојат неколку начини на размножување на животни – каде што под размножување се подразбира вкрстување на животните. Вкрстувањето или парењето на блиски роднини на животни се нарекува “размножување на чиста раса во роднинска врска”, но во пракса тоа често се избегнува. Причините за избегнување ќе бидат наведени во текстот подолу.

Што кај животните се подразбира под крвно сродство ?

До 6 генерации назад, животните се сметаат за крвно поврзани. Се применува вкрстување на татко со ќерка, мајка и син, браќа и сестри. Тоа се применува, поради следните причини:

  • зачувување на одредени особини на расата
  • наследните особини
  • откривање на аномалии и недостатоци.

Ова е оправдано ако тие се одгледувани од професионални, стручни лица и ако постои одредена цел или програма зошто тоа се прави, инаку има многу повеќе негативни страни отколку позитивни. Дури и во стручната литература, пресекот на блиски роднини на животни се нарекува инцест.

Како да се води сметка за сродството, крвната врска и вкрстувањето на животните?

Евиденцијата за сродството на животните на големите фарми, обично се води во матична книга за евиденција. Доколку поседувате мали фарми и оставите едно грло за понатамошен приплод , најлесно е да формирате своја сопствена евиденција. Тоа може да биде обична табела каде што ќе го внесувате хронолошки сродството на животни и вкрстувањето кое го извршувате.

На големите фарми се води детална евиденција и има посериозен пристап до евиденцијата. Ретко, може да се случи непланиран инцест. Во мали фарми може да има непланирано парење на животните со роднинска врска, од причина што животните се чуваат заедно во иста просторија  кога тие созреваат, доаѓа до мешање на грлата при пасење, немарност во евиденцијата, невешт експеримент и слично.

Кои се последиците од неправилно вкрстување ?

Една од последиците е депресијата која се јавува кај потомците кај вкрстените животни. Постои голема шанса за дефекти и аномалии кои не се добиваат при нормално вкрстување.

Помал е бројот на потомци во леглото кои често живеат релативно кратко, слабо напредуваат и имаат помал капацитет за производство. Во пракса, постојат случаеви каде што животните произведуваат мртви плодови, едноставно не можат целосно да го завршат репродуктивниот процес.

Отпорноста на животните е намалена, чувствителна и почувствителна од “нормалното” потомство од вируси и инфекции.

Потомството добиено со вкрстување на животни поврзани крвно, ги оштетува и намалува репродуктивните способности и плодноста, и тешко можат да се користат за понатамошен приплод во фармата.

Како изгледаат животните на кои родителите им се во крвно сродство?

Луѓето велат дека овие животни изгледаат “чудно”. Нивното однесување е необично, потребата за храна е намалена, намалени репродуктивни способности, слабо напредуваат, нееднакво им се развиени екстремитетите, чудно се однесуваат и имаат структурни недостатоци.

Како да постапуваме со ваквите животни?

Доколку веќе се родат вакви потомци, тие треба да се третираат со малку повеќе внимание. Не ги изложувајте на стрес, потенцијална зараза, присуство на други животни од “нормалното” легло и слично. Овие животни може да достигнат одредено тежина и да се користат во исхраната, тие не се заразни, или нешто слично. Тие можат да бидат само со одредени недостатоци за себе.

Совети за фармерите:

Почитувани фармери, ако сметате дека вкрстувањето на животни кои се во крвно сродство на вашата фарма е неопходно, треба да обрнете внимание:

  • на негативните последици
  • на тоа што сакате да постигнете со ова вкрстување
  • што ако не бидат она што го очекувате
  • водете евиденција за крвното сродство
  • водете евиденција за чувањето на грлата на ист простор кои се во полова зрелост и од различен пол

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *