Во Росоман ќе се проценуваат штетите на овошките од пролетниот мраз

Вести

 

Советот на општина Росоман ја задолжи Комисијата за проценка на штети за седум дена да ги процени оштетувањата од пролетен мраз кај овошките.

„Ваков заклучок донесовме на последната вонредна седница. Според првичните согледувања, штети кај овошките има од пролетни ниски температури во март, и особено во деновите 8, 9 и 10 април, со минусни температури до -8 степени Целзиусови“, појасни за МИА Маријонка Печевска, претседател на советот.

Вонредната седница била свикана по барање на група советници.

„Откако ќе ги добиеме проценките за настанатите штети, согласно на процентот на оштетување, ќе ја продолжиме постапката до надлежните институции за прогласување елементарна непогода. Целта е соодветен паричен надоместок за оштетените овоштари во Росоманскиот регион, кој е најголем производител на праски во државата“, нагласи Печевска.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *