Голем шумски пожар над Кочани

Вести

Вчера попладне околу 16 часот избувна голем шумски пожар во подножјето на Осоговските Планини, на околу еден километар над Кочани.

Огнот зафати борова шума на површина од околу 10 хектари, а помогнат од силниот ветер брзо се шири во правец на градот и најверојатно ќе зафати поголема шумска површина.

– На терен веднаш пристапија екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани, кои со две возила и четири пожарникари се обидуваа да го контролираат ширењето на огнот. Истовремено нашите колеги интервенираат на пожар кај селото Бања во општина Чешиново-Облешево и единицата не е комплетна за интервенцијата во Кочани. Поради тоа ги повикавме и колегите од Штип и Виница, истакна Благој Паунов, команир на ТППЕ – Кочани.

Првичните сознанија укажуваат дека пожарот е предизвикан од удар на гром, а сувата вегетација.дополнително придонесува за неговото брзо ширење.

На истата локација имаше пожар и пред една седмица, при што изгоре шума на површина од 10 хектари.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *