Николовска: Во амбиент на жетва, со насмеани земјоделци и расположен премиер, првите картички за „зелена нафта“

Вести

Во амбиент на жетва, со насмеани земјоделци, бели кошули на функционерите и расположен премиер, денеска  се доделија првите картички за „зелена нафта“.

После 10 години, постојано апелирање од страна на земјоделците дека им е прескапа нафтата, дека се неконкурентни на самиот старт бидејќи сите други држави од регионот имаа обезбедено поефтина нафта за земјоделците, денеска конечно на бензинската пумпа на Макпетрол во Кравари, во тракторите се наточи „зелената нафта“.

Значи можело, ако се сака.

А се сеќавам дека уште во 2011 година, кога како пратеници од СДСМ и коалицијата предложивме амандман со кој на земјоделците ќе им се обезбеди поефтина нафта, тогашниот министер за земјоделство, го одби амандманот.  Всушност ги одби земјоделците, бидејќи тоа беше нивно оправдано барање.

И требаше да поминат 10 години, да дојде Зоран Заев, премиерот кој пораснал во пластениците и нивите, за да го наполни првиот резервоар во тракторот на среќниот земјоделец.

Среќна сум и јас, среќни сме и ние со сегашниот и поранешниот министер, затоа што довербата на земјоделците не ја изневеривме. Затоа што се измачивме две години со сите опструкции од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои не сакаа да го гласаат законот во Собрание. Затоа што вработените во Платежната агенција, на чело со директорот се вложија себе си, да ја изработат мерката со едноставна употреба и методологија за земјоделците.

А задоволството на земјоделците беше нескриено, тие всушност и најдобро знаат што значи ова за нив, за нивното производство, за нивната заработка. Оти нели, сите работиме за да заработиме, а земјоделското производство да го направиме конкурентно.

Субвенции, системи за наводнување, зелена нафта, земјата во рацете на вистинските земјоделци, изградба на ладилници…само за половина мандат, она што земјоделците го бараа 10 години.

Е па кога е нешто добро, добро е…

Ленче Николовска – посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

zelena_nafta

zz_zelena

zelena_nafta_lence1zelena_nafta5

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *