Николовски во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е во работна посета во Обединетите Арапски Емирати каде што ќе оствари средби со менаџментот на економската зона во Ras al Khaimah и со Министерот за климатски промени Thani bin Ahmed Al Zeyoudi.

-Денеска со Неговата Екселенција Sheikh Ahmed bin Saqr Al Qasimi и владини претставници од Ras Al Khaimah, Обединети Арапски Емирати дискутиравме за можности за соработка за увоз на овошје и зеленчук од Република Македонија како и промоција на нашите домашни вина во Ras Al Khaimah.  Договоривме и нивна посета во Македонија, заедно со бизнис заедницата, во чии рамки ќе се реализираат и Б2Б средби, истакна Николовски.

Николовски додаде дека тие им ја презентираа нивната слободна економска зона, која отвора можност за соработка со 14.500 фирми.

 

„Современо Земјоделство“

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *