Со измена на програмата за директни плаќања во земјоделството усвоена на денешната владина седница, рокот за ажурирање на податоците на земјоделските стопанства наместо до 15 март се продолжува до крајниот рок за аплицирање за субвенции.
Ова значи дека сите земјоделци кои досега не ги ажурирале податоците, ќе имаат можност тоа да го сторат до истекот на крајниот рок за аплицирање за субвенции.