(Фото) ДИЖС изврши надзор во шест фарми во Беровскиот крај – Кај одредени фарми констатирани се неправилности

Вести

Државниот инспектор на 14 април изврши надзор во шест фарми во Беровскиот крај.
– Жито Малеш Свињарска фарма АД с. Смојмирово, Берово- БОКИ ТЕР ДООЕЛ с. Умлена, Пехчево- Бранко Миловски, Берово (одгледување свињи и фарма за крави)- Блажо Кускински, Берово (фарма за овци)- Звонко Цокински м.в. Царев Дол, Берово (одгледување на свињи)- Васко Кракутовски с. Смојмирово, Берово (свињарска фарма).

Интензивното одгледување добиток може да предизвика загадување на водите ако отпадните води од шталите во кои се чуваат животните се испуштат без таложење.

Во свињарската фарма Жито Малеш, (има добиено А интегрирана еколошка дозвола) отпадните води и талогот се третираат согласно параметрите од дозволата.

Фармата за свињи на Звонко Цокински м.в. Царев Дол, Берово, има одобрен е Елаборат за заштита на животната средина, на терен е утврдено дека се применети соодветните мерки за заштита на животната средина.

Кај останатите инспектирани правни и физични лица се утврдени недостатоци во начинот на изѓубрување и истите се задолжени да ги забрзаат постапките околу добивање Б интегрирани дозволи (БОКИ ТЕР ДООЕЛ с. Умлена Пехчево и Васко Кракутовски с. Смојмирово Берово) и во врска со одобрување на Елаборат за заштита на животната средина (Блажо Кускински, Берово).

Бранко Миловски, чијашто фарма не подлежи на изработка на Елаборат за заштита на животната средина, ќе се задолжи да ги исталожува отпадните води пред истите да ги испушти во околниот поток.

Одгледувањето добиток е важна дејност во целата држава, но фармите мора да ги почитуваат и еколошките стандарди. Со редовни контроли обезбедуваме влијанијата врз квалитетот на реките и на домаќинствата да се сведат на минимум.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *