Грант од ФИТР до 160.000 евра за технолошки развој – сите информации на едно место

Вести Огласи

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на објави нов јавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на микро, мали и средни претпријатија, како и приватни здравствени установи (ПЗУ) кои имаат јасно идентификувана потреба од нови технологии и која ќе има значително и мерливо позитивно влијание во нивното работење.

Износ на грант

Фондот обезбедува до 70% од вкупниот буџет за поединечен проект во зависност од големината на претпријатието, и тоа:

Големина на апликант Износ на кофинансиран грант
(дел на ФИТР)
Дел од вкупен
буџет на проект
микро 40.000 евра 70%
мало 80.000 евра 70%
средно 160.000 евра 60%

Преостанатиот дел од буџетот го обезбедува апликантот.

ПРИМЕР:
Микро претпријатие аплицира со проект во вкупен буџет од 58.000 евра.
ФИТР обезбедува 40.000 евра, односно 70%.
Апликантот обезбедува сопствени 18.000 евра, односно 30%.

Кој може да аплицира

На овој јавен повик може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија, како и приватни здравствени установи (ПЗУ) кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Регистриранo во Централен регистар согласно Закон за трговски друштва, или ПЗУ согласно Закон за установи и Закон за здравствена заштита;
  • Не е поврзанo со други претпријатија/ПЗУ чиј годишен приход надминува 10 милиони евра во претходните 2 години и просечниот број на вработени е над 250;
  • Против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  • Апликанти со над 3 (три) години на постоење до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години.
  • Да нема доспеани, а неподмирени обврски со доцнење над 90 дена кон финансиски институции заклучно состојба на крај на месец февруари 2020, односно пред почеток на кризата предизвикана од Ковид-19, издадена од Македонско кредитно биро;
  • Да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и за истата намена/мерка да не добива државна помош од два различни извори поради тоа што таквата помош не е дозволена.

Рок за аплицирање

Крајниот рок за аплицирање на овој јавен повик е 05.05.2023 год. до 14 ч.

Подобни активности за финансирање

  • Набавка и воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени“ и дигитални технологии за трансформација на производствените и деловните процеси;
  • Развој и воведување на нови поеколошки процеси и стандарди за производство и работа;
  • Набавка и воведување на нови дигитални решенија (софтвер, алатки, лиценци и сл.) и развој на дигитални бизнис модели, кои може да вклучуваат дигитализација на каналите за продажба и набавки;
  • Градење на капацитетите на менаџментот и вработените за примена на новите технологии;
  • Подобрување на продуктивностa и ефикасностa на производствените и/или деловните процеси;
  • Намалување на трошоци на производство и оперативно работење;
  • Подобрување на ефикасностa при употреба на ресурси;
  • Активности за намалување на негативното влијание врз животната средина;
  • Значително подобрување на квалитетот и додавање на нови или значително подобрени карактеристики на производите и услугите како резултат на промените во понудата и побарувачката поврзани со последиците од КОВИД-19 кризата (вклучително стандардизација и сертификација);
  • Развивање на нови канали за продажба и активности за влез или експанзија на нови пазари – градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи.

Листата на активности не е ограничувачка.

Подобни трошоци за финансирање

  • Бруто плати за вработените лица кај апликантот кои ќе бидат ангажирани на проектот. Износите на бруто плати на вработените-ангажирани на проектот треба да соодветствуваат на воспоставените практики на корисникот пред почеток на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
  • Трошоци за техничка поддршка (експертиза), трошоци за договорни услуги за истражување, развој, дигитализација (пр. тестирање, лабораториски услуги и слично);
  • Трошоци за набавка и изнајмување на опрема, софтвер, алатки од информатичка технологија и суровини и потрошен материјал, директно поврзани со реализација на проектот;
  • Трошоци поврзани со спроведување на план за технолошки развој на Апликантот;
  • Други оперативни трошоци директно поврзани со реализацијата на проектот, освен оние кои не се подобни за финансирање преку овој Инструмент.

Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет на проектот и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање.

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да пишете на e-mail  info@sovremenozemjodelstvo.mk или на телефонскиот број: 076/ 280 300

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *