За прв пат Македонија годинaва ќе биде земја партнер на Р. Словенија на меѓународен саем за храна и земјоделство „АГРА 2018“

„Добивањето покана за партнерство на овој меѓународен саем, кој се смета за еден од најважните саеми за земјоделство и храна во Централна Европа, е доказ за негувањето пријателски односи и доверба со Република Словенија и претставува силна поддршка на нашата земја во евроинтегративниот процес, и во нашите заложби за европско, модерно, ефикасно и конкурентно земјоделско производство кое со својот квалитет ќе биде препознатливо на надворешните пазари“. – изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Македонија земја-партнер на „АГРА“ 2018

Македонија годинава ќе биде земја партнер на Меѓународниот саем за земјоделство и храна „АГРА“, што традиционално се одржува во Горна Радгона, Република Словенија, од 25 до 30 август.
По овој повод, министерот Љупчо Николовски денеска ќе соопшти детали, а на прес-конференцијата е најавено присуство на словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, проектниот менаџер на Помурски Саем Борис Николас Ерјавец и извршната директорка на Помурски Сајем Матеја Јаклиќ.

Share
Прочитај повеќе