Од денес стапува на сила законот за производство на ракија

Од денес, први јануари кој ќе произведува над 200 литри ракија, но не повеќе од 2.000 ќе мора да се регистрира. Агенцијата за храна, пак, ќе има обврска истата да ја провери дали е безбедна за употреба. Од денес стапува во сила новиот закон за акциза со кој, според надлежните, ќе се стави ред во производството на ракија во домашни услови.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Измените на Законот за акцизи овозможуваат низа поволности за производителите на ракија

“Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%. Во првата година (2020г.) од примена на законот, производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, во втората година односно 2021 година акцизата ќе биде 10 денари, третата година 20 денари и во 2023 година 30 денари. Со новото законско решение се овозможува малите производители легално да ја произведуваат и пласираат својата ракија, да развијат свој бренд од традиционалната ракија, што ќе придонесе за развој на руралниот и винскиот туризам, а за намалување на сивата економија”, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Законот за акцизи одложен за ноември

На крајот на мај, производители на домашна ракија од Тиквешијата на средба со претставници на Царината, како изготвувачи на законот, побараа што е можно подолго да се одложи плаќањето на акцизата за домашно произведена ракија.

Share
Прочитај повеќе

Царинската управа ќе го испитува квалитетот и составот на режаниот тутун на пазарите

Во изминатиот период Царинската управа во повеќе наврати запленила 2.374 килограми режан тутун. Исто така, во координирана акција со Пазарната инспекција и МВР, во изминатите месеци направени се акции по пазарите на територијата на град Скопје при што се одземени затекнатите количини режан тутун и поведени постапки против лицата кои нелегално го продавале.

Share
Прочитај повеќе

Државата ќе го разгледува барањето за намалување на акцизата на пивото

Државата ќе го разгледа проблемот со високата акциза на пивото и ќе се обиде да најде решение во интерес на сите. Поради континуираниот пад на пивската индустрија во последната деценија, компаниите бараат акцизата да се намали од четири на три денари за литар алкохолен степен и наместо 32,5 да изнесува 24,4 евра.

Share
Прочитај повеќе

Во Македонија влегуваат нови тутунски производи

На македонскиот пазар конечно ќе има понуда на нови тутунски производи. Ќе се продава тутун за водено луле (за наргиле), тутун за џвакање, тутун за шмркање и несогорлив тутунски производ. За овие тутунски производи ќе мора да се плаќаат акцизи, кои се со различна висина и ќе се менуваат од година во година.

Share
Прочитај повеќе

Новиот закон за акцизи предвидува производство на најмногу 1000 литри чист алкохол годишно

Земјоделците кои од овошје и грозје произведуваат жестоки алкохолни пијалоци ќе смеат во текот на годината да произведат најмногу 1.000 литри чист алкохол. Ова е дел од новиот Закон за акцизи кој веќе е објавен, а со кој и земјоделците кои прават ракија дома која ја продаваат стануваат акцизни обврзници. Според предложените измени, на произведената количина се плаќа акциза од 30 денари по литар жесток алкохолен пијалок со просечна јачина од 45 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Помали акцизи за малите произведувачи на алкохол

Според Предлогот, малите дестилерии ќе плаќаат 50 проценти од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците –  мали производители 8,5 проценти од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол, акцизата останува иста.

Share
Прочитај повеќе