Битиќи и Хоџа во посета на ЈП „Хидросистем Злетовица“

– Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска ќе го посетат јавното претпријатие за извршување на водостопански услуги „Хидросистем Злетовица“ и ќе направат увид на „Зафат 3“ – зафатна градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци, информираат од Владата.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Хоџа на средба со координаторот на ООН во РСМ – Развивање одржливи системи за храна, кои ќе водат грижа за економскиот, социјалниот апсект и за животната средина

На денешната средба на министерот Хоџа со Постојаниот координатор на Организацијата на Обединетите нации во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дуџак, потенцирано е дека со потпишувањето на новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025, утврдени се приоритетните области за поддршка на нашата земја од агенциите на ОН, во која земјоделството, шумарството и водостопанството се едни од клучните сектори. Г-ѓа Дуџак го инфомираше министерот Хоџа за подготовките во пресрет на Светскиот самит за храна што ќе се одржи во ноември годинава, на кој централна тема се земјоделските системи и нивното усогласување со Целите на одржлив развој. Нашата држава ќе биде дел од овој глобален процес во рамки на Агендата 2030.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Хоџа ја потпиша резолуција за шумите во Европа, „Иднината што ја сакаме: шумите ни се потребни“

Министерот Хоџа денеска учествуваше на министерската видеоконференција „FOREST EUROPE“. На видеоконференцијата учествуваа и другите министри од европските држави.

Share
Прочитај повеќе

Хоџа: Пописот ни е битен за да видиме на колку луѓе земјоделството им е основна дејност

„Ние имаме Фарм-регистар кој е битен за податоците што се земаат за плаќање на субвенции. По сознанијата што ги имам, последната бројка се движи над 80.000 земјоделци“, изјави министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа за емисијата „24 анализа“.

Share
Прочитај повеќе

Хоџа: Привремено запирање на работата на концесионерот што го експлоатира земјиштето во селото Коњаре – општина Петровец

На денешната седница на Владата, донесовме многу важна одлука за привремено запирање на работата на концесионерот што го експлоатира земјиштето во селото Коњаре – општина Петровец.

Share
Прочитај повеќе

Хоџа во Прилеп: Се отвораат пунктовите за откуп на вишокот на тутун, ниеден килограм тутун нема да остане неоткупен

Вчера, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, оствари средба со директорот на Тутунски комбинат Прилеп, Кире Станкоски и изврши во увид во отворањето на пунктовите во прилепскиот регион, кои треба да го превземат произведениот вишок на тутун.

Share
Прочитај повеќе

Почеток на активностите на МЗШВ за осигурување на земјоделското производство

„Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство. Со години земјоделците се соочуваат со влијанието на природните непогоди за кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на Република Северна Македонија, исплаќа во просек три и пол милиони евра годишно на основ штети од временски непогоди. Токму затоа, решивме дека е време да воспоставиме организиран пристап за прилагодување и заштита на земјоделските производи преку воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата земја“ изјави министерот Хоџа.

Share
Прочитај повеќе

Работилница на тема „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска ќе учествува на почетокот на работилницата „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“.

Share
Прочитај повеќе

Работилница на тема „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска ќе учествува на почетокот на работилницата „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Хоџа на средба со производителите на тутун

Бројот на откупните пунктови, динамиката и интензитетот на откуп беа темите за кои се разговараше. Остануваат уште дваесет дена до истекот на крајниот рок, период за кој треба сите заедно да вложиме напори како би се откупил вишокот на тутун.

Share
Прочитај повеќе