Северна Македонија и Бугарија ќе соработуваат и во областа на земјоделието

Советот на министри го одобри нацрт Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за земјоделие, храна и шумарство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија за соработка во земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството, соопшти прес-центарот на привремената влада.

Share
Прочитај повеќе

Потврдена африканска свинска чума кај дива свиња во соседна Бугарија

По новиот случај на потврдено присуство на болеста африканска свинска чума кај заловена дива свиња во реонот на Благоевград во соседна Бугарија, која од страна на бугарските ветеринарни власти била пријавена во Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ на 17 овој месец, со цел спречување на појава и ширење на болеста и во нашата земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да се почитуваат донесените решија за  спроведување на заштитни мерки кои ги пропиша Агенцијата, бидејќи опасност од појава на болеста се уште постои.

Share
Прочитај повеќе

Во Бугарија ќе мора да се заколат 500.000 свињи поради свинската чума

Војската и полицијата се мобилизирани во битката против вирусот и во заштитата на други фарми. Се врши дезинфекција на фармите, ограничена е продажбата на свинско месо, а се контролираат и граничните премини.

Share
Прочитај повеќе

Опасната Африканска свинска чума стаса до Бугарија

-АЛАРМАНТНА И ОПАСНА е состојбата со појавата на вирусот Африканска свинска чума за која нема лек ни вакцина, може да го уништи свињарството во земјава и сите фарми да се затворат, а луѓето да останат без работа.
Колку е сериозна ситуацијата и што треба да се превземе, денеска во 10 часот прес конференција ќе одржи директорот на АХВ, Зоран Атанасов, истакна Ленче Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов

-На денешниот работен состанок ја потврдивме одличната соработка меѓу стручните служби на министерствата од двете земји, во однос на поддршката во ЕУ интеграцискиот процес, финансиските инструменти, фитосанитарната и ветеринарна политика и во шумарството, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Бугарските земјоделци годишно имаат 1 милијарда евра за развој на аграрот

– „Македонски земјоделци вам ви е потребна ЕУ, фондовите и сигурноста која ја нуди. Бугарија е најдобриот пример во регионот какви придобивки носи членството во европското семејство. Само лани за аграрот имавме 1 милијарда и 600 милиони евра, 150 од домашен буџет, сите останати од ЕУ“, рече Порожанов.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Да не се внесува храна од Бугарија, фармерите да не ги пуштаат свињите на паша

АХВ ги засили мерките за надзор и контрола на болеста „африканска свинска чума“ по добиената потврда на 31 август годинава дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија. Донесено е и решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од регионот во Бугарија каде е потврдено присуство на болеста, со цел заштита од внесување на вирусот во Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Воведена забрана за увоз на овци, кози и нивно млеко и месо од Бугарија

Со цел спречување на внесување, навремено забележување и пријавување на болеста „чума“ кај овци и кози која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а е присутна и во Турција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за забрана за увоз и транзит од Бугарија на живи домашни и диви мали преживари, нивно семе, јајце клетки и емброни, месо, производи и преработки од месо, млеко и производи од млеко, како и нуспроизводи.

Share
Прочитај повеќе