Реализирани се 133 проекти за рурална инфраструктура со грант средства од ИПА

Завршени се целосно сите градежни работи финансирани преку ИПА грантот за рурална инфраструктура, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии. Станува збор за 133 капитални проекти реализирани во 78 општини во земјава, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и решавање на инфраструктурните проблеми.

Share
Прочитај повеќе

Прв центар за храна, вино и туризам во Росоман

Започна реновирање на старото училиште во Росоман, дел од проект за прекугранична соработка со Грција, вреден 508 илјади евра. Проектот е насловен „Земја на виното“, дел е од ИПА фондовите на Европската Унија. Фондацијата „Тиквешки вински пат“ го реализира заедно со општина Росоман, а партнери од грчка страна се едно министерство, еден факултет и италијанско-грчката комора.

Share
Прочитај повеќе

Зајакнување на дијалогот и соработка меѓу Платежните агенции во ЕУ со цел подобри резултати од спроведување на Заедничката земјоделска политикa

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека искуствата и помошта што Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ се од огромно значење за Република Северна Македонија. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, посветено работи на прилагодување и унапредување на капацитетите, се со цел полесно воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро секторот.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Во мај ќе се објави тендерот за изведувач за изградба на хидросистемот во Славишко поле, Ранковце ќе добие современ систем за наводнување

„Ова е еден меѓу првите проектите од проектот на ЕУ, а реализиран преку МЗШВ и овој проект ќе се реализира на неколку локации. Досегашниот систем за наводнување во Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој проект општината ќе добие модерен систем за наводнување и ќе се наводнуваат над 300 хектари. Лани направивме повеќе средби со земјоделците и жителите, направивме анализи и токму овие анализи покажаа многу позитивни резултати и во делот на заинтересираноста и во делот на ефектите кои би се постигнале со овој систем во однос на зголемување на приносите и промени на соодветни култури со кои се занимаваат земјоделците.Со реализацијата на овој систем се создава можност да се одгледуваат и долгогодишни култури во овој познат земјоделски регион“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Северна Македонија има капацитет и ресурси да создаде прехранбена индустрија што ќе биде еден од столбовите во економскиот пораст

Прехранбениот сектор е тесно поврзан со земјоделското производство во државата, доколку има на располагање доволно суровини со поволна цена, тој ќе се развива и шири, а потоа ќе го поттикнува земјоделството за поголемо производство, со што и понатаму ќе се зголемува рентабилноста.

Share
Прочитај повеќе

Претставници на АХВ, дел од објаснувачкиот скрининг на ЕУ за заштита на потрошувачите

Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, на 28.03 и 29.03.2019г. зедоа учество на објаснувачкиот скрининг за 28 Поглавје – Заштита на потрошувачите и јавно здравје. Преставници од Агецијата преку видео конференција во просториите на СЕП учествуваа на состанокот во делот на темите во кои Агенцијата е партнерска институција односно соработува со релевантните надлежни институции како што се Министерството за економија и Министерството за здравство во делот на заштита на потрошувачите и здравствена заштита на населението. Една од темите – ветеринарно медицински препарати е потполно во рамките на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Share
Прочитај повеќе

Во општина Крива паланка се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“- со средства од ЕУ

На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.

Share
Прочитај повеќе