Се воведува забрана за движење од 22 часот навечер до 5 часот наутро, во цела држава

На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).

Share
Прочитај повеќе

Поради африканската свинска чума забранет увозот на живи животни и производи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ Република Србија

Заради спречување на нејзина појава и ширење на сила се решенијата за забрана за увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ земјите и регионите каде е потврдено нејзиното присуство.

Share
Прочитај повеќе

Забрана за тешки моторни возила на патот Гостивар-Кичево

Поради врнежи од снег и ниски температури воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.

Share
Прочитај повеќе

Забрана за движење на тешки моторни возила на патот Крива Паланка – ГП „Деве Баир“

Поради интензивите врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, информира ЈП „Македонија пат“.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ донесе забрана за вршење на рекреативен риболов заради непречен природен мрест на рибите

Забраната за вршење риболов во риболовните подрачја, риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони за различните видови риби се носи заради овозможување на непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд.

Share
Прочитај повеќе

Период на забрана на лов на позначајни видови риби во 2020 година во „Вештачко езеро – Акумулација Стрежево“

Штука (01 февруари – 31 март)
Костреш (01 април – 15 мај)
Сом (15 април – 15 јуни)
Клен (05 мај – 15 јуни)
Крап (05 мај -15 јуни)
Пастрмка (01 октомври – 31 јануари).

Share
Прочитај повеќе

АХВ забрани увоз на свинско месо и преработки од Србија поради африканска чума

Од петокот, на сила е и донесеното решение за задолжително лабораториско испитување на присуство на вирусот на африканска свинска чума на секоја увозна пратка од свинско месо, производи и преработки од свинско месо, мешовити производи кои содржат свинско месо и други производи од свињи, како и нус производи и деривати на нус производи од свињи.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Забрана за движење во шумите со кои стопанисуваат „Национални шуми“

За непочитување на оваа забрана од страна на  физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште согласно член 106 од Законот за шуми ќе им се изрече  глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противредност.

Share
Прочитај повеќе

Што забранува и на што обврзува „Мој ДДВ“?

Стартуваше Проектот „Мој ДДВ“, со кој граѓаните можат да го искористат правото на поврат на 15% од платениот ДДВ. Од информациите што ги пласираат надлежните институции во системот веќе се регистрирани значителен број на лица кои сакаат да го искористат правото кое е овозможено со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Сепак, потребно е да се знае дека овој Закон освен правото на поврат на ДДВ кое го овозможува, наметнува и одредени ограничувања за физичките лица, како и одредени обврски за правните лица, за чие непочитување, односно постапување спротивно на истите се предвидени и прекршочни санкции. Казните се однесуваат на правните лица за непријавувањето до Управата за јавни приходи на фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка и на физичко лице кое пријавило фискална сметка издадена за плаќање комунална услуга или фискална сметка која била издадена за извршен промет кон правно лице.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од Република Северна Македонија во Руската Федерација

Официјално се укинува забраната од Русија за увоз на македонското коскесто овошје. Македонската цреша, сливите, праските и сличното овошје повторно ќе може да се најде на пазарот во најголемата држава во светот.

Share
Прочитај повеќе