Заврши откупот на оризот од реколтата 2018, постигната висока откупна цена

Откупната цена на белиот ориз од реколтата 2018-та бележи пораст од 8 до 13 денари по килограм. Конкретно, крупниот бел ориз се откупуваше по цена од 45 до 50 денари за килограм , за разлика од реколтата 2017 –та кога откупната цена беше од 35 до 37 денари.

Share
Прочитај повеќе

Од тутун во Македонија повторно ќе може да се живее

Годинава на производителите ќе им бидат исплатени вкупно 23 милиони евра. Со оваа финансиска поддршка, просечната откупна цена ќе се зголеми на 225 денари или повеќе од четири евра за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Годинава зелката во Валандово достигнува рекордна цена

-20-25 денари се качи годинава, задоволни сме од цената. Годинава имам 8 декари – вели Мемед Мамудов, земјоделец од Калково.

Share
Прочитај повеќе

Откупени 16.434 тони тутун, откупот може да заврши до 20 февруари

-Во источниот дел од земјава откупот е при крај и ќе заврши за 10-ина дена, додека пак во Прилепско-пелагонискиот регион, конкретно: Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и во Добрушево има за откуп околу 5.000 тони тутун. Тоа значи, откупот може, главно, да биде готов до 20-ти февруари. Секако дека ќе има нешто за дооткупување, но главните количества ќе ги преземат деветте откупни компании во земјава. Според состојбите со производствената година, поизводителите се задоволни од просечната цена од 210 денари за килограм, изјави Милески.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите од Кочанско позадоволни од приносите на мед во споредба со лани

Шест до седум килограми мед по кошница во просек добија годинава пчеларите од кочанскиот регион, со што оценуваат дека сезоната е многу подобра во споредба со лани. Со остварените приноси ќе се задоволи побарувачката на домашникот пазар, а со цената од 400 денари, што ја сметаат за прифатлива за купувачите, ќе можат да се покријат поголем дел од производните трошоци.

Share
Прочитај повеќе

Преспанските овоштари задоволни од цената на јаболката

– Очекувам да се стабилизира цената на пазарот и да нема пад. Досега сме задоволни од тоа како тече откупот на трпезното јаболко, кое годинава е со добар квалитет. Интервентната мерка на Владата од три денари за килограм индустриско јаболко, која ни беше ветена ќе овозможи овоштарите во местата погодени од град да покријат дел од трошоците, истакна Пампулевски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците задоволни од откупната цена на „ајварката“

Земјоделците се задоволни од откупната цена на пиперката „ајварка“. На пазарот на големо во Струмица се откупува од 25 до 40 денари за килограм, а преработувачките капацитети ја откупуваат исчистена за 23 денари за килограм. На пазарите на мало, пак, цената достигнува и над 50 денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Пазарџиите задоволни од новиот закон

Од Комората на трговци велат дека ова е многу подобро решение отколку фискализација, бидејќи во тој случај трошоците ќе бидат многу поголеми.
Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека подзаконските акти на Законот за зелени пазари веќе се усвоени.

Share
Прочитај повеќе

Лозарите задоволни од зголемената откупна цена за грозјето

-Овие дополнителни субвенции се од голема важност за нашиот регион каде што речиси целото население поседува обработливи почви со винова лоза. Голема благодарност и до Јанчев и Делков кои цело време беа наша поддршка и целосно се залагаа за постигнување на нашата цел. Ваквиот напредок и решавањето на проблемите се само показател дека Кавадарци и Неготино се движат кон вистинскиот пат, нагласи Кулев, посакувајќи им на сите лозаропроизводители успешна берба и изразувајќи надеж дека од година во година лозарството како гранка ќе станува уште поуспешно.

Share
Прочитај повеќе

Стабилен откупот на раноградинарските производи во струмичко

Во моментов цената на доматите во зависност од сортата се движи од 30 до 50 денари за килограм, зелката е 25 , благата пиперка од 40 до 45, додека лутите пиперки се откупуваат од 80 до 90 денари за килограм или од 2 до 2,5 денари по парче.

Share
Прочитај повеќе