Јавен Повик бр. 3/ЗАМ/2018 за пријавување интерес за формирање на земјоделски задруги

Потребни се минимум 10 лица за формирање на задруга.
Специфична цел на поддршката е зголемена продуктивност и зголемени економски резултати преку поддршка на соработка меѓу земјоделците за формирање на нови земјоделски задруги.

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик за пројавување интерес за развој на земјоделска задруга

Преку овој проект, на располагање стои грант од над 1 милион евра, пари со кои земјоделците ќе може да ги зајакнат постоечките или да формираат нови земјоделски задруги.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците во Преспа се запознаа со придобивките од здружувањето во задруги

– Поради тоа задругите нудат еден од начините на здружување на земјоделците со цел да бидат помоќни, посилни, поорганизирани и поконкурентни. Земјоделците здружено ќе може да ги решаваат проблемите кои сега се јавуваат околу производство и пласманот. Организирани поефикасно ќе може да го прават тоа, истакна Неданоски.

Share
Прочитај повеќе

Одбележан Меѓународниот ден на задруги, во соработка со МАЗЗ и МЗШВ

„Задругите се иднината на модерното земјоделство, здружените земјоделци по успешно се справуваат со проблемите со пласманот на земјоделските производи, преку ваквото здружување во задруги,земјоделците можат полесно да аплицираат за финансиска поддршка преку програмите на МЗШВ, но и до средствата од европските фондови, ние како Влада и ресорно министерство работиме на превземање мерки кои ќе придонесат кон зголемување на бројот на задруги“ – истакна Заменик министерот Благе Цветковиќ.

Share
Прочитај повеќе

Се изготвува правилник со нови мерки за земјоделските задруги

-Од други држави веќе доаѓаат и го заземаат нашиот простор. Во последните години може да се слушне дека имаме постојано проблем со одредени производи. Затоа и идејата е да се поттикнат земјоделците на соработка. Се додека земјоделецот сам бере и пакува, ќе имаме проблем, напомена Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделски задруги за конкурентно земјоделство

Целна група на проектот се 30 постоечки земјоделски задруги и 30 групи земјоделци кои сакаат да формираат нови задруги и да учествуваат во проектни информативни сесии и обуки за развој на бизнис планови, од кои 20 ќе добијат грантови за проекти.

Share
Прочитај повеќе

Проект на МЗШВ:”Поддршка за развој на земјоделските задруги”

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе биде промовиран проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.

Share
Прочитај повеќе

Поконкурентно земјоделство со земјоделските задруги

-Еден земјоделец да ангажира  еден агроном му е скапо, а 20 земјоделци или десет земјоделци да ангажираат еден агромом ќе им биде поевтино како прво. Второ, во секое време ќе има советодавни услуги, набавка на репроматеријали на база на заедничко набавување, вели Памуков.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделските задруги имаат право на финансиска поддршка

За организирање на информативни и промотивни активности субвенцијата изнесува 100 проценти од вкупните направени трошоци. По барање на задругарите парите можат да се исплатат одеднаш или на две рати. Досега во Македонија се запишани 29 земјоделски задруги од кои 24 од мал и 5 од голем обем, со вкупен капацитет од 870 хектари обработлива површина, 260 пчелни семејства, 450 говеда, 250 овци и 200 кози.

Share
Прочитај повеќе